Македонските репрезентативци во форма

24.11.2014 15:51

Во Лигата на шампионите Блескаа тројца македонски репрезентативци кои постигнаа вкупно 30 гола. Ги предводеше Наумче Мојсоски кој беше брилијантен во победата над Ла Риоха со 11 погодоци од исто толку обиди...

Викенд што ја разведрува нашата ракометна реалност и особено атмосферата во репрезенаттивниот табор пред Мундијалот во Катар во јануари идната година.

Во Лигата на шампионите Блескаа тројца македонски репрезентативци кои постигнаа вкупно 30 гола. Ги предводеше Наумче Мојсоски кој беше брилијантен во победата над Ла Риоха со 11 погодоци од исто толку обиди.

Одличното издание драстично ја зголемува самодовербата на лидерот на Металург и го враќа во живот по долгото отсуство по операцијата на коленото.

Мојсо повторно го привлече вниманието на европската ракометна јавност и сосема заслужено е во идеалнот состав и најдобар лев бек во шестото коло од елитната лига, заедно со бековите Хансен и Цајц, крилата Сигурдсон и Гајиќ, пикерот Стојкович и голманот Сиера.

Новиот македонски репрезентативец Ренато Вугринец со десет гола беше најголема подршка на Мојсоски во првата победа оваа сезона во Шампионската лига, а нашиот капитен Кире Лазаров погоди девет пати и беше лидер на шпанскиот гигант Барселона во убедливиот триумф над актуелниот првак Фленсбург.

Охрабрувачки за селекторот Ивица Обрван пред Мундијалот во Катар што почнува на 15-ти јануари идната, делува и учинокот и минутажата што ја добија и другите негови избраници, Прибак, Миркуловски, Филип Лазаров, Димовски, Георгиевски, Никола Маркоски и Талески.

До отворањето на декемвриските подготовки за Катар остануваат уште две рунди во Лигата на шампионите и  обврските во Сеха конкуренцијата, на кои македонските репрезентативци ќе треба да ја подигаат формата и реализацијата.