Ердоган: Еднаквоста е неприродна
Ердоган смета дека е правилно работите да се постават како ,,рамноправност меѓу жените и рамноправност меѓу мажите“. Ова го изјавил на Меѓународниот собир за правата и слободите на жените и ги разбеснил женските и здруженијата за човекови права...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавил дека еднаквоста меѓу жените и мажите е неприродна и понудил свое видување за рамноправноста. Поимот рамноправност воопшто не е можен, порачува Ердоган-пишува Хуријет.
Ердоган смета дека е правилно работите да се постават како ,,рамноправност меѓу жените и рамноправност меѓу мажите“. Ова го изјавил на Меѓународниот собир за правата и слободите на жените и ги разбеснил женските и здруженијата за човекови права.
„Кога ќе погледнете зад аголот на правдата, ќе видите дека укинувањето на дискриминацијата меѓу жените и мажите би било можно на фер, човечки и совесен начин“. Ердоган ја повторил причината за нееднаквост којашто лежи во природата, како на пример дека не може да им се даде исти задолженија на маж и на бремена жена. Тој уште еднаш ја искористил приликата за да ги потсети жените да раѓаат најмалку по три деца. Истовремено го осудил абортусот нарекувајќи го убиствен.
