Турција бара слободна зона во Гевгелија

24.11.2014 16:19

Првиот парламентарец на Турција, говерејќи за економската соработка изјави дека очекува наскоро трговската размена меѓу двете држви да изнесува 1 милијарда долари. Турските бизнисмени, изјави Чичек, се заинтересирани за нови инвестиции...

Македонија и натаму ќе ја има поддршката од Турција за евроатланските  интеграции. Гледано од политички и геостратешки аспект, вие сте срцето на  Балканот. Од стабилноста и  просперитетот  на вашата земја, посочи претседателот на големото национално собрание на Турција, зависи и стабилноста на регионот.

„Тоа прашање може да се реши не само со ставови или факти, решенија на две земји, туку со еден општ став на сите земји, а посебно големите земји. Сите овие земји би требало да се откажаат од таа нивна насока да поддржуваат некакви терористички групи или организации“, рече Џемил Чичек, претседател на Големото Национално Собрание на Република Турција.

За состојбите во регионот изјави спикерот Вељаноски по средбата со турскиот колега и двете држави даваат голем придонес.

„Посбно внимание посветивме на евроатланските интеграции и уште еднаш изразив благодарност за принципиелниот став и поддршка како членка на НАТО“, рече Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија.

Првиот парламентарец на Турција, говерејќи за економската соработка изјави дека очекува наскоро трговската размена меѓу двете држви да изнесува 1 милијарда долари. Турските бизнисмени,  изјави Чичек, се заинтересирани за нови инвестиции.

„Уверени сме во тоа дека ќе се уважи нивното барање да им се додели некој плац за оформување слободна бесцаринска зона околу Гевгелија. Мислиме дека тоа ќе биде силен придонес за севкупните односи помеѓу двете земји и за регионалниот мир и стабилност“, изјави првиот човек на турскиот Парламент.

Разрешување на проблемот со визите на  турските студенти во Македонија-правичната застапеност на Турците во македонските државни институции и отворање на кутурни центри во двете држави, како нов облик на соработка -биле дел од пакетот теми што Чичек ги отворил на средбите со спикерот Вељаноски и со парламентарната група за соработка со Турција. Еднодневната посета на  турскиот гостин, финишира со средбата со шефот на државата, на којашто се разговарало за економската соработка и состојбите во регионот.

Виолета Димовоска