Шумахер сеуште во вештачка кома со пониска телесна температура
Здравствената состојба на Шумахер сеуште е критична бидејќи се наоѓа во вештачка кома и на мозочна реанимација, изјави прес-конференција во болницата во Гренобл, професорот Жан-Франсоа Пејен. Во моментов не можеме да ја одредиме неговата иднина. Тој е во вештачка кома, и има хипотермија, дополни професорот Пејен. Според лекарот, врз Шумахер е изведена операција за да се ограничи мозочниот подлив. Според професорот Жерар Салан, кој е и личен пријател на најдобриот формула пилот на сите времиња, лекарите не можат да кажат повеќе, бидејќи и самите не знаат.
Здравствената состојба на Шумахер сеуште е критична бидејќи се наоѓа во вештачка кома и на мозочна реанимација, изјави прес-конференција во болницата во Гренобл, професорот Жан-Франсоа Пејен. Во моментов не можеме да ја одредиме неговата иднина. Тој е во вештачка кома, и има хипотермија, дополни професорот Пејен. Според лекарот, врз Шумахер е изведена операција за да се ограничи мозочниот подлив. Според професорот Жерар Салан, кој е и личен пријател на најдобриот формула пилот на сите времиња, лекарите не можат да кажат повеќе, бидејќи и самите не знаат. Од час во час, се менуваат третманите врз Шумахер, рече Салан. Седумкратниот првак во формула е во болницата во Гренобл по падот при скијање со брзина од 100 километри. Тој имал заштитен шлем, што, според лекарите му го спасил животот, бидејќи удрил со главата во карпа. Шумахер скијал со неговиот 14-годишен син, вон означената патека во ски-центарот Мерибел во неделата.
