Норвешка стравува - Се враќаат првите џихадисти од фронтовите во Ирак и во Сирија

24.11.2014 16:27

Норвешка стравува од стратегијата на перење мозоци, дека младите радикализирани луѓе навикнати на убивање се стратешки распоредени и може да бидат активирани во секој момент...

Фредрикстад е живописно норвешко гратче. Но под идиличната површина нешто се менува. Почнаа да се враќаат првите џихадисти од фронтовите во Ирак и во Сирија.

„Изминатите пест месеци речиси никој не се врати во Норвешка, колку што знаеме“, рече Јарн Престерудстуен, шеф на полицијата.

Но сега се вратија три момчиња, на возраст од 22 до 26 години. Норвешка стравува од стратегијата на перење мозоци, дека младите радикализирани луѓе навикнати на убивање се стратешки распоредени и може да бидат активирани во секој момент.

„Има причина за загриженост, важно е државата да внимава на нив. Мора да бидат итно изведени пред суд, сите, и потоа постепено да се отфрлаат тие што се небитни за истрага“, рече Шоаиб Султан, советник во норвешкиот Центар против расизам.

Неодамнешна анализа на германската разузнавачка служба БНД предупредува дека борци на Исламска Држава наскоро ќе нападнат западни цели. Некои невладини организации сакаат општините да организираат програми за ресоцијализација, но се свесни за опасноста од повратниците.

„Многу е важно да се погрижиме за нив, затоа што може да извршат терористички чин овде, да се вратат во Сирија или да регрутираат други“, вели Сило Тарак, ЛИМ мрежа за верска толерантност.

Некои земји веќе им ги поништија државјанствата на борците на Исламска Држава. Тие што уште им дозволуваат да се вратат, ќе се соочат со силна радикална индоктринација. Џихадистите поотворено од која било група до сега киднапираат деца од областите што ги контролираат, го менуваат наставниот план во училиштата, организираат воени кампови и одгледуваат нова генерација следбеници меѓу младите Ирачани и Сиријци.

Ивана Салтирова