Двајца американски војници загинаа во Авганистан
24.11.2014 16:43
Локалните медиуми јавуваат дека во нападот биле повредени и тројца цивили...

Нов инцидент во Авганистан. Двајца американски војници загинаа, откако возилото во кое се превезувале наишло на експлозивна напарава во близина на Кабул. Локалните медиуми јавуваат дека во нападот биле повредени и тројца цивили.
Во вчерашниот напад на одбојкарски натпревар животот го загубија повеќе од 60 луѓе.
