Груевски: Инфраструктурата, туризмот, земјоделието и културата- приоритети на претседателството со ЦЕИ

24.11.2014 17:14

Во регионалниот меѓувладин форум членуваат 18 држави. Седиштето на секретаријатот е во Италија...

Македонија го презема претседателството со Централно- европската иницијатива (ЦЕИ). Премиерот Груевски изјави дека тоа е одлична можност за промоција, контакти и остварување на целите.

„Ги истакнав приоритетите на нашето претседавање во наредната година, меѓу кои освен зачленувањенот на сите земји од Западен Балкан во ЕУ ги вброив и економските приоритети, кои се поврзани со изградба на инфраструктура, туризмот, земјоделието и културата. Тоа се четирите посебни приоритети кои ги зацртавме. Притоа имав можност да ги истакнам приоритетите на Република Македонија, како на економски така и на политички план, што всушност се поклопуваат со овие приоритети што ги споменав“, нагласи премиерот Груевски.

Во регионалниот меѓувладин форум членуваат 18 држави. Седиштето на секретаријатот е во Италија.

Стратегиска цел и основа на сите активности е регионалната соработка за европска интеграција.