Македонија го презеде претседавањето со ЦЕИ - Поставени политички и економски приоритети

24.11.2014 19:13

Зачленување на сите земји од западен Балкан во Европската унија – политички приоритет на Македонија во претседавањето со Централно-Европската Иницијатива. Во економијата предност ќе се даде на инфраструктурата...

Членство на сите земји од западен Балкан во ЕУ, ова е еден од приоритетите на македонското претседателство со Централно Европската Иницијатива.  Премиерот Груевски пред шефовите на Влади присутни во Виена на состанокот на иницијативата  ги истакна  политичките и економските  приоритети на нашето  претседателство  и го претстави нацрт календарот на активности по кој ке се врши реализацијата на целите и приоритетите.

„Освен зачленувањето на сите земји од западен Балкан во ЕУ ги вброив и економските приоритети, а тоа се поврзани приоритети со инфраструктурата, туризмот, земјоделието и со културата. Тоа се посебините четири приоритети што ги зацртавме. Притоа имав можност да ги истакнам и воопшто приоритетите на Република Македонија, како на политички и економски план, што всушност се поклопуваат со овие работи што ги спомнав. Од сега Македонија е претседавач со овој значаен форум“, рече премиерот Никола Груевски.

Форумот Премиерот Груевски го искористи и за средби со премиерите од државите на Централна и Југоисточна Европа, првенствено со домакинот австрискиот Канцелар Фајман

Инаку Централно европската иницијатива денеска има 18 членки мегу кои е и Македонија. Седиштето на секретаријатот на ЦЕИ е во Трст Италија. За разлика од другите иницијативи ЦЕИ располага со сопствени фондови за финансирање односно кофинансирање на проектите за соработка. Стратегиска цел и основа на сите активности е регионалната соработка за европска интеграција.

Лидија Чакар