Големи поплави во Мароко - 17 загинати и над18 лица исчезнати
24.11.2014 19:20
Меѓу настраданите е и 9-годишно девојче, кое со уште шестмина се удавило во надојдената река Тамсурт...

Силно невреме со поплави на југот на Мароко. Седумнаесетмина го загубија животот спасувачите трагаат по повеќе од 18 исчезнати. Меѓу нив е и 9-годишно девојче, кое со уште шестмина се удавило во надојдената река Тамсурт.
„Спиевме во три ноќта, кога не разбуди водата од Оуед Лахџар. Се обидовме да побегнеме од поплавата и да ги спасиме шесте деца“, рече локален жител.
