Од Лајпциг преку Волгоград и Љубљана до четвртфинале!
Со три пренесени бода, главната фаза вардарќи ќе ја почнат на 30 јануари наредната година кај Лајпциг кој има четири бода.

Поради квалитетот, на ракометарките на Вардар, не би требало да им побегне четвртфиналето во Лигата на шампионите иако со поразот во Турингер, го отежнаа пласманот.
Со три пренесени бода, главната фаза вардарќи ќе ја почнат на 30 јануари наредната година кај Лајпциг кој има четири бода. Потоа следува домашниот дуел со Крим кој има два и гостувањето кај Динамо Волгоград којшто со шест бода е лидер во Групата 1 од којашто четири екипи ќе влезат во нокаут рундата. Во трите мартовски дуели со истите противници, црвено – црните дами двапати ќе играат во Скопје.
ГРУПА 1 - РАСПОРЕД:
1 коло: Лајпциг - Вардар
2 коло: Вардар - Крим Меркатор
3 коло: Динамо Волгоград - Вардар
4 коло: Вардар - Лајпциг
5 коло: Крим Меркатор - Вардар
6 коло: Вардар - Динамо Волгоград
ТАБЕЛА:
1. Будуќност 7
2. Динамо 6
3. Лајпциг 4
4. Вардар 3
5. Крим 2
6. Турингер 2
