Хокеј
Тихонов замина во вечноста!
24.11.2014 23:33
За 14-те години мината на клупата на Советскиот сојуз освои три злата и едно сребро на Олимписките игри и го предводеше некогашниот СССР до осум титули светски шампион...

Беше творец на најславната генерација советски хокеари, на 85 годишна возраст почина легендарниот тренер, Сергеј Тихонов. За 14-те години мината на клупата на Советскиот сојуз освои три злата и едно сребро на Олимписките игри и го предводеше некогашниот СССР до осум титули светски шампион. Со екипата на СЦКА москва, Тихонов 13 пати по ред беше првак на Совесткиот сојуз.
Во 1998-та година, Тихонов влезе во „Куќата на славните“ на Меѓународната хокеарска федерација, а има и свое вечно место во Олимпискиот музеј во Лозана.
