Просинечки место Фогтс!
По лошите резултати, Германецот Берти Фогтс стана од клупата на Азербејџан за да седне Хрватот Просинечки кој до крајот на циклусот ќе заработи милион ипол долари...

Роберт Просинечки е нов селектор на фудбалската репрезентација на Азербејџан којашто нема ниту бод по четирите кола во квалификациите за Европското првенство. По лошите резултати, Германецот Берти Фогтс стана од клупата на Азербејџан за да седне Хрватот Просинечки кој до крајот на циклусот ќе заработи милион ипол долари.
Во играчката кариера во којашто настапуваше во повече клубови, Просинечки најголемиот успех го оствари со Црбена Звезда со којашто 1991-та беше европски првак. Популеаниот „Жути“ е единствениот од овие простори кој го носеше дресот и на два шпански великана, Реал мадрид и Барселона.
Со хрватската репрезентација, Просинечки беше трет на Светското првенсво 1998-та година. Токму во неа како асистент на Славен Билиќ ја почна тренерската кариера во којашто беше прв стручњак и на Црвена Звезда и на турски Кајзери.
