Звезда конечно победи против Цедевита, во Загреб
Двете најквалитетни екипи во АБА лигата постигнаа повеќе од 80 поени (87:88). Белграѓани гоп задржаа врвот со 100% учинот, Цедевита има 6/3, меѓу нив е Будуќност со 1 пораз, по 9 кола, од Звезда...

Натпреварот, барем резултатски, отскокна од претходните меѓусебни соочувања на двата тима. Двете најквалитетни екипи во АБА лигата постигнаа повеќе од 80 поени (87:88). Белграѓани гоп задржаа врвот со 100% учинот, Цедевита има 6/3, меѓу нив е Будуќност со 1 пораз, по 9 кола, од Звезда.
Домаќинот Пилепиќ постигна 21 поен и беше стрелец број 1 на натпреварот, еден помалку имаше Блажиќ, кој што ги постигна и клучните слободни. Цедевита загуби цели 15 топки, гостинската екипа имаше скоро двојно помалку и скоро двојно повеќе тимски асистенции, а во додавањата се издвои Вилијамс со 12. На Загрепчани, не им помогнаа ниту 12-те скокови, а имаа вкупно 45, наспроти само 30 на црвено-белите.
Гостувањето на МЗТ Скопје кај Унион Олимпија, е следното што нас не очекува во АБА лигата. дурлот се игра в сабота од 21 часот, во живо на МТВ. аеродромци патуваат во Љубљана со победа од Александровац против Игокеа.
Нашиот претставник во моментов има 3 победи и 6 порази, и се наоѓа на 11-та позиција, на 2 победи од позитивно салдо, какво што освен Крка имаат и Олимпија, Партизан, Мега Визура односно од денеска Мега Лекс и Солнок. Металац има 4/5, шампионот Цибона ист скор со МЗТ (3/6), Задар има 2 победи, Левски само една.
