Ватерполо
Почина Ненад Манојловиќ!
24.11.2014 23:39
Како селектор на некогашната репрезентација на СР Југославија и на Србија и Црна Гора, Манојловиќ двапати беше европски шампион, а освои сребро и бронза и на Олимпијадите и на Светските првенства...

Ненадејно, на 61 година почина српскиот ватерполо стручњак, Ненад Манојловиќ и тоа на пат кон Софија кадешто требаше да учествува на тренерски семинар.
Како селектор на некогашната репрезентација на СР Југославија и на Србија и Црна Гора, Манојловиќ двапати беше европски шампион, а освои сребро и бронза и на Олимпијадите и на Светските првенства.
Најголемиот дел од играчките денови, Манојловиќ мина во Партизан на чијашто клупа ја почна и богатата тренерска кариера.
