Тројно убиство во село Злетово, Пробиштип
25.11.2014 09:18
Станува збор за убиени двајца мажи и една жена, а неофицијално жената и едниот маж се баба и дедо, односно родители на сопругата на убиецот...

Околу 7 часот изутринава три лица биле убиени во село Злетово, Пробиштип.
Од МВР, за МРТ ја потврдија информацијата.
Станува збор за убиени двајца мажи и една жена, а неофицијално жената и едниот маж се баба и дедо, односно родители на сопругата на убиецот.
Полицијата трага по осомничениот, кој што веднаш по убиството се дал во бегство.
Повеќе детали од МВР најавуваат во текот на денот.
