Заврши подготовката за откуп на тутунот
25.11.2014 10:18
Привршуваат подготовките за откуп на тутунот од годинешната реколта. Верификацијата на мострите е завршена и монополите може да ги отворат вратите и пред крајниот рок на 15-ти декември...

Мострите се заверени, а откупните компании веќе го планираат откупот на тутунот пред законскиот рок на 15-ти декември.
Досега се пријавени 136 откупни места со поставени ваги и мостри.
Поради намалениот интерес на светскиот пазар од компаниите годинава беше најавено дека ќе се бараат помали количества.
Според тутунопроизводителите, доколку при откупот на тутун би се примениле реални проценки, просечна цена за килограм од реколта 2014-та година не би требало да биде помала од 180 денари.
Методија Трајков
