ЕБОР работи за да донесе инвеститори на Балканот

25.11.2014 11:01

Според првиот човек на ЕБРД, банките на Балканот имаат проблем со постојано растечкиот товар на нефункционалните кредити...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) работи за да донесе инвеститори во регионот на Балканот, изјави директорот на банката Сума Чакрабарти на економска конференција во Виена.

Според него, банките на Балканот имаат проблем со постојано растечкиот товар на нефункционалните кредити кој ги ослабнува инвестициите и економскиот раст, па затоа е потребен правен амбиент што ќе го поттикне реструктуирањето.