Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

25.11.2014 11:05

На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен...

Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните неофицијални информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип. 
 
На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов во време на убиството бил на службена должност.
 
Убиени се двајца повозрасни мажи и една жена. Се работи за таткото и мајката на неговата сопруга и за уште едно непознато машко лице. 
 
Од СВР Штип велат дека во моментот во врши увид од страна на основен јавен обвинител и екипи на СВР Штип.
 
Повеќе детали полицијата најавува во декот на денот.