Папта Франциско во Стразбур ќе зборува за невработеноста и имиграцијата

25.11.2014 11:38

Предвидено е да одржи говор во Советот на Европа и во Европскиот Парламент...

Папата Франциско во четиричасовна посета на Стразбур. Предвидено е да одржи говор во Советот на Европа и во Европскиот Парламент.

Според информациите, невработеноста и имиграцијата ќе бидат главни теми за кои ќе зборува папата.

Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво. Последен папа кој го посетил Стразбур е папата Јован Павле втори во 1988 година.