Опасност од поплави по историските снижни врнежи во Бафало
25.11.2014 11:41
Дел од населението започна со евакуација...

По историските снежни врнежи во Бафало минатата недела, температурите полека растат. Снегот почна да се топи, што ја зголемува опасноста од поплави. Дел од населението започна со евакуација.
„Би било навистина лошо кога ќе се стопи снегот. Ги преземаме сите мерки за да луѓето останат безбедни. Се надевам нема да дојде до хаварии“, вели вработен во водовод и канализација.
Властите и населението се подготвени да ги преземат сите мерки на претпазливост.
