Нема договор за нуклеарната програма на Техеран
25.11.2014 11:44
САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија сакаат Техеран да ја стави нуклеарната програма под меѓународна контрола...

Иран и светските сили не постигнаа договор за нуклеарната програма на Техеран. Разликите во позициите го продолжија рокот за уште седум месеци.
САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија сакаат Техеран да ја стави нуклеарната програма под меѓународна контрола, со што би се спречил евентуален развој на нуклеарно оружје.
Иранската страна тврди дека програмата е за мирољубиви цели.
Спорот меѓу големите сили и Иран во врска со нуклеарната програма трае веќе 12 месеци.
