Кожув вечерва и гостува на Влазнија, Куманово утре го пречекува Рилски
Македонскиот претставник во “Б“ групата е во улога на фаворит, судејќи според досегашните 3 победи во првите 3 натпревари сезонава...

Кошаркарите на Кожув вечерва во Скадар ќе го играат 4 натпревар од БИБЛ лигата против екипата на Влазнија. Македонскиот претставник во “Б“ групата е во улога на фаворит, судејќи според досегашните 3 победи во првите 3 натпревари сезонава, по кои е единствен непоразен во групата. Сосема спротивен е учинокот на домашната екипа, која по 3 кола е сеуште без победа. Мечот се игра во салаат “Ќазим Дервиши“ со почеток во 18 часот.
Својот 4 натпревар сезонава во “А“ групата Куманово ќе го игра утревечер на свој паркет против екипата на Рилски Спортист од Бугарија. Тоа е дерби на колото, во кое Куманово влегува со 2 победи и 1 пораз, а Рилски е првопласиран со 3 победи во исто толку натпервари.
