Се сруши осумкатница во Каиро
25.11.2014 12:26
Причина за рушење на зградата е недозволена изградба на неколку дополнителни ката...

Се сруши осумкатница во западно предградие на Каиро. Најмалку десет лица загинаа, а седумина се повредени. Спасувачките екипи трагаат по преживеани под урнатините, а властите евакуираа неколку околни згради.
Според неофицијални податоци причина за рушење на зградата е недозволена изградба на неколку дополнителни ката кои не се во согласност со оргиналниот план за градење.
