Фудбал

Европската пролет во мислите

25.11.2014 12:46

Ново вжештување! Почеток на завршната трка за обезбедување повисоко натпреварувачко рамниште или опстанок во фудбалска Европа! Неколку се со судбинско значење...

Петта етапа од групната фаза на Лигата на шампионите. Ново вжештување! Почеток на завршната трка за обезбедување повисоко натпреварувачко рамниште или опстанок во фудбалска Европа! Неколку се со судбинско значење. Бодовниот заплет е најголем во „Г“ групата. Таа е  единствената во која сите четири екипи се со шанса за пат во нокаут фазата. Челзи, несомнено играчки  најсилен  е најблиску до целта, иако  вечер во Гелзенкирхен ќе биде на големи искушенија против Шалке. Во Лисабон, Спортинг е соочен со победнички императив во дуелот со непредвидливиот Марибор. Во „Е“ групата моќникот е Баерн од Минхен. Релаксирани, Баварците вечер ќе истрчаат на „Етихад“.За разлика од својот домаќин Манчестер Сити, кој е сеуште без победа со исклучително тешка мисија, досегашните резултатски пропусти да ги надоместува против моќниот Баерн.Низ слична натпреварувачка треска минуваат и ЦСКА и Рома во пресрет на својот денешен  дуел во Москва. „Ф“ групата многу рано се поларизира. Пари Сен Жермен и Барселона брзо им побегнаа од видното поле на Ајакс и Апоел.Но, резултатски предизвик сеуште има за сите: Првото место носи привилегираност во жрепката за нокаут фазата,а трето значи останување во игра низ Лигата на Европа. Слична е состојбата и во „Х“ групата во која Порто е веќе безгрижен, а Шахтјор е  на пат да му се приклучи. Излегува дека на сите вечерашни актери фудбалската пролет им е во мислите, а тоа значи резултатски набој, борба и добар фудбал!

Лига на шампиони -5 коло:

„Е“ група:

18.00 ЦСКА- Рома

20.45 Манчестер Сити-Баерн Минхен

Табела:

1.Баерн Минхен    12

2.Рома                      4

3.ЦСКА                   4

4.Манчестер С.       2

„Ф“ група:

20.45 Апоел-Барселона

20.45 ПСЖ- Ајакс

Табела:

1.ПСЖ                10

2.Барселона         9

3.Ајакс                 2

4.Апоел               1

„Г“ група:

20.45 Шалке- Челзи

20.45 Спортинг-Марибор

Табела:

1.Челзи         8

2.Шалке       5

3.Спортинг  4

4.Марибор    3

„Х“ група:

18.00 Бате Борисов-Порто

20.45 Шахтјот-Атлетик Билбао

Табела:

1.Порто       10

2.Шахтјор    8

3.Бате Борисов    3

4. Атлетик Билбао  1