Стразбур: Папата Франциско сака да го „разбуди“ стариот континент
Според портпаролот на Ватикан, станува збор за посета на религиозна и морална власт, светски призната на меѓународна институција...

Оваа посета на папата Франциско на Стразбур не е државничка, според портпаролот на Ватикан, станува збор за посета на религиозна и морална власт, светски призната на меѓународна институција. Тоа исто така не е посета на Франција, бидејќи на аеродормот во Стразбур, папата беше пречекан со намален протокол.
Прва добредојде на француска територија му посака француската министерка за екологија Сеголен Ројал и градоначалникот на Стразбур Ролан Рис придружувани од претставници на Европскиот парламент, Советот на Европа и религиозните власти.
Веднаш потоа папата се упати кон европските институции, поздравен од малата толпа на луѓе пред аеродромот.
Пред Европскиот парламент папата беше пречекан од претседателот Мартин Шулц, по што беше подигнато на јарболот знамето и изведена химната на на Светата столица и Одата на радоста- европската химна.
Првиот неевропски папа, Франциско далеку од носталгичните погледи за минатото со своето доаѓање во симболичната европска пртестолнина сака да го разбуди стариот контенент и да го охрабри да ја најде повторно храброста на своите темели и да не ја прекинува конструкцијата.
Тони Гламчевски
