Стевенс пак тренер на Штутгарт

25.11.2014 14:06

60-годишниот Холанѓанец на почетокот на годинава го презеде жешкото столче на „Мерцедес Бенц арена“ и го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата...

Помалку од 24 часа откако се раздели со Армин Фе, Штутгарт го одбра Хуб Стевенс за нов тренер. 60-годишниот Холанѓанец на почетокот на годинава го презеде жешкото столче на „Мерцедес Бенц арена“ и го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата. Како што стојат работите, Стевенс ќе биде исправен пред идентичен предизвик затоа што во тековното првенство тимот се наоѓа на 18-то, последно место на табелата, со девет освоени бода од 12 натпревари. Штутгарт нема победа од 25-ти октомври кога го совлада Ајнтрахт, а оттогаш е во серија од три порази.

Ствевенс важи за одличен познавач на фудбалот во Германија. Освен Штутгарт ги предводеше Хамбургер, Шалке, Херта и Келн, а беше тренер и на Паок во Грција, на Ред Бул во Австрија и на Рода и на ПСВ во родната Холандија. На последниот престој на „Мерцедес Бенц арената“ забележа три победи, трипати одигра нерешено, а загуби четири средби.