Уште еден Сириец прегазен од воз

25.11.2014 14:16

Несреќата се случила околу 19 часот пред влезот на железничката станица во Демир Капија, инфомира МВР...

Tриесет и петгодишен Сириец починал синоќа откако во него удрил патнички воз кој сообраќал на релација Скопје-Гевгелија.

Несреќата се случила околу 19 часот пред влезот на железничката станица во Демир Капија, инфомира МВР.

Ова е шеста железничка несреќа овој месец во која жртви се мигранти, кои од Грција преку Македонија се обидуваат да заминат кон западна Европа.