Кројф: „Меси нема да замине поради пари“!

25.11.2014 14:29

Холанѓанецот мисли дека доколку Меси замине од Каталонија, зад тоа решение би требало да има други причини...

Легендата на Барселона Јохан Кројф не верува дека Лео Меси би можел да ја напушти Барселона поради пари. Холанѓанецот мисли дека доколку Меси замине од Каталонија, зад тоа решение би требало да има други причини.

„Сигурно дека има клубови коишто се подготвени да платат 200 милиони евра за Меси. Но парите не се фактор. Можно е Лео да има некакви други проблеми, но јас не знам за нив, а не знаете ни вие“, вели Кројф. Според него, Меси се обидува да ужива во играта, но во последно време му пречат некои други фактори. Прашан дали тоа се должи на промената на тренерот, Кројф рече дека Луис Енрике има добар почеток во Барселона и дека се обидува да наметне свој стил на работа. За 67-годишниот Холанѓанец тоа е многу поважно отколку дали некој меч е добиен или загубен. „Секогаш се зборува за резултатот, но во овој момент најважно е Барселона да игра добро“, убеден е Кројф.