Поднесена кривична пријава против градоначалникот на општина Чашка
25.11.2014 14:38
Во 2011-та осомничениот поднел барање за легализација на диво изградениот планинарски дом Чеплес, иако на тоа немал право...

СВР Велес поднесе кривична пријава против градоначалникот на општина Чашка поради злоупотреба на службена должност и овластување. Во 2011-та осомничениот поднел барање за легализација на диво изградениот планинарски дом Чеплес, иако на тоа немал право.
Градоначалникот самиот решил и за сопственото барање иако непоседувал и со тоа не доставил соодветни документи за платени сметки за комунални или други услуги. Истата година го легализирал објектот со што го оштетил планинарско-спортското друштво Солунска глава со околу 66 илјади евра во денарска противредност, соопштуваат од полицијата.
