Министерот Спасов во Софија на Петтата регионална тркалезна маса „Социјалниот дијалог во Југоисточна Европа“

25.11.2014 14:45

Целта на тркалезната маса е продолжување на традицијата на претходните тркалезни маси за дискутирање на реформите во трудовото законодавство и развојот на социјалниот дијалог во земјите на Југоисточна Европа...

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска во Софија, на покана на Министерството за труд и социјална политика на Република Бугарија, во соработка со Фондацијата Фридрих Еберт, учествува на Петтата регионална тркалезна маса „Социјалниот дијалог во Југоисточна Европа“.  

Целта на тркалезната маса е продолжување на традицијата на претходните тркалезни маси за дискутирање на реформите во трудовото законодавство и развојот на социјалниот дијалог во земјите на Југоисточна Европа.

На тркалезната маса покрај министрите свое учество најавија и претставници на синдикатите и организациите на работодавачи во регионот со цел истите да ги презентираат нивните ставови на оваа тема. 

Во рамките на дискусијата посветена на “Реформите во трудовото законодавство во земјите на Југоисточна Европа – направени и планирани измени и дополнувања”, министерот за труд и социјална политика Диме Спасов имаше своја презентација на тема“Социјалниот дијалог во  Република Македонија”.