На четвртиот „Анимакс Скопје Фест“ ќе биде прикажан 51 филм
Фестивалот ќе сеодржува од 4-ти до 6-ти декември во Кинотека на Македонија под мотото „Ако сите светат, ти блескај“...

На четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест 2014“ ќе биде прикажан 51 филм, од кои осум се наманети за детската публика.
Фестивалот ќе сеодржува од 4-ти до 6-ти декември во Кинотека на Македонија под мотото „Ако сите светат, ти блескај“.
Во трите фестивалски денови на „Анимакс Скопје Фест“ ќе бидат прикажани 43 филмови за возрасни и осум филмови за деца. Тие се избрани од пријавените рекордни 326 анимации од 52 земји во светот, меѓу кои најголем број од: Франција, Шпанија, Германија, Полска, Италија, Бразил, како и филмови од Ирак, Иран, Индија, Јужна Кореја, Тајван, Куба, Перу и др.
Голем дел од нив се носители на престижни награди, победници на филмски фестивали од А категорија.
Традиционално на последниот ден од фестивалот, 6-ти декември, ќе бидат доделени наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула, а за нив ќе одлучува интернационална жири комисија. Исто така ќе биде доделена и Златна тула за најдобар детски анимиран филм, а за победникот ќе гласаат децата во трите фестивалски денови.
За време на фестивалот ќе бидат одржани и работилници во просториите на Кинотека на Македонија.
