Две награди за македонскиот анимиран филм „Алерик“ во Германија

25.11.2014 14:49

До крајот на месецов ова остварување на Вук Митевски ќе биде прикажано и на фестивалот во Хаг, а потоа и на специјализираната манифестација за анимирани филмови во Љубљана...

Македонскиот анимиран филм „Алерик” на Вук Митевски се закити со уште две награди на филмски фестивали во Германија.

Во Диселдорф, на што туку завршениот филмски фестивал „Алерик“ ја освои наградата од публиката. Десет минутните овации во полната сала му ја донесоа наградата на македонскиот филм. Минатиот месец „Алерик“ ја доби и главната награда на жирито на филмскиот фестивал во Дортмунд.

До крајот на месецов ова остварување на Вук Митевски ќе биде прикажано и на фестивалот во Хаг, а потоа  и на специјализираната манифестација за анимирани филмови во Љубљана.