Потенцијалите за водење бизнис во Македонија претставени во Прага

25.11.2014 15:00

Според чешката Стопанска комора, Македонија е интересен пазар за нивните компани во инфраструктурата, модернизацијата на железницата, и производството на енергија...

Инвестициските потенцијали на Mакедонија претставени пред чешките бизнисмени. На Бизнис форумот во Прага од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески  бизмените од Чешка слушнаа за поволните услови за водење бизнис, за ниските даноци и можностите преку Македонија да се пласира на 650 милионскиот пазар на потрошувачи. 

Денешниот Форум беше можност за средба со триесетина компании во Чешка, кои се од повеќе различни сектори, како автомобилската индустрија, градежништвото, инфраструктурата, енегетскиот сектор, транспортот и компании од други области кои ги запознавме со можностите кои Македонија ги нуди и погодностите кои ги нудиме во слободните економски зони и верувам дека ќе има интерес за посета и интерес за инвестирање во нашата земји, оцени вицепремиерот Ставрески.

Според  чешката Стопанска комора, Македонија е интересен пазар за нивните компани во инфраструктурата, модернизацијата на железницата, и производството на енергија.