НБА

Торонто му се придружи на Мемфис!

25.11.2014 15:10

Од 14-те натпревари, Чикаго девет одигра на гости. По два пораза, Булс го остварија седмиот триумф и тоа кај Јута со 97:95. Иако имаше 21 поен предност, Чикаго до вкупно дветата победа дојде во финишот затоа што го имаше расположеното трио Џими Батлер со 25, Пау Гасол со 23 и Дерек Роуз со 19 коша. ..

Во седумте ноќешни НБА натпревари највредна е победата на Торонто кој заедно со Мемфис се екипите со најдобар ефект 12:2. Репторс го совладаа Феникс со 104:100, благодарение на одличниот Литванец, Јонас Валанчиунас кој реализираше 27 поени и 11 скока.

Од 14-те натпревари, Чикаго девет одигра на гости. По два пораза, Булс го остварија седмиот триумф и тоа кај Јута со 97:95. Иако имаше 21 поен предност, Чикаго до вкупно дветата победа дојде во финишот затоа што го имаше расположеното трио Џими Батлер со 25, Пау Гасол со 23 и Дерек Роуз со 19 коша.  

Кливленд ја прекина серијата од четири порази со домашното славје против Орландо со 106:74. Леброн Џејмс беше играч на натпреварот со 29 поени, 11 асистенции и 4 скока.

Филаделфија остана единствената екипа со порази во сите дуели. За 14-от, виновни се кошаркарите на Портланд предводени од ЛеМаркус Олдриџ кој со 33 поени и 11 скока беше најкорисниот во 11-та победа на Трејлблејзерс со 111:104.

На 9 минути до крајот Никси водеа со +6 на гости кај Хјустон, но во второто полувреме играа без повредениот Кармело Ентони, па сепак загубија со 91:86. Решавачка беше серијата на Рокетс од 19:8. Најефикасен беше Џејмс Харден со 36 поени.

Изненадувачки е триумфот на Индијана во Далас со 111:100. Лидер на гостите беше Доналд Слоан со 29 коша.

Разиграниот тандем, Блејк Грифин - Крис Пол, ги однесе Клиперс до осмата победа сезонава. 111:92 кај Шарлот во коишто двајцата гостински кошаркари уфрлија по 22 поена.