Трагедија во Злетово: Убил тројца, па си го одзел животот со бесење
Маноилов, според првичните сознанија на полицијата, изутрината ги уби Илија М. (65), Јана М. (63) и Методи М. (50). Илија и Јана се родители на неговата поранешна сопруга, а третиот, чичко на момче за кое тој се сомневал дека е во врска со неговата екс сопруга...

Тројно убиство во пробиштипско Злетово. Убил тројца, а потоа си го одзел животот со бесење. Убиецот е професионален војник.
Обесен маж за кој полицијата потврди дека е 40-годишниот професионален војник Драган Маноилов, осомничен за денешно тројно убиство во Злетово, бил пронајден попладнево во бачило во близина на градот.
Неверството на неговата сопруга е најверојатно причина за трагедијата која однесе четири животи.
Маноилов, според првичните сознанија на полицијата, изутрината ги уби Илија М. (65), Јана М. (63) и Методи М. (50). Илија и Јана се родители на неговата поранешна сопруга, а третиот, чичко на момче за кое тој се сомневал дека е во врска со неговата екс сопруга.
Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, потврдуваат дека осомничениот за тројното убиство во Злетово е професионален војник на АРМ од 2000 година.
Бил учесник и во мировната мисија во Авганистан. Со службеното оружје го извршил убиството. Се води инстрага и во генералштабот.
