Четириесет кандидати за најдобриот тим на УЕФА!
Гласањето на официјалниот сајт на УЕФА ќе трае до 6-ти јануари 2015-та година...

Според Европската фудбалска федерација, четириесет фудбалери имаа доволно квалитетна година за да бидат кандидати за нејзиниот најдобар тим и тоа во изборот на интернет страницата на УЕФА. Најмногу преставници има Баерн Минхен - 9, следува европскиот првак Реал Мадрид со осум, па финалистот на Лигата на шампионите Атлетико Мадрид со четири. Изненадува малиот број кандидати од Барселона само тројца, исто како и од Јувентус и Манчестер Сити. По двајца доаѓаат од Челзи и од Борусија Дортмунд, додека по еден од Арсенал, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, од победникот на УЕФА Европа лигата Севилја, како и од Зенит и Салцбург.
Кандидати за УЕФА тим от на годината:
Голмани: Мануел Нојер (Баерн М.), Тибо Куртоа (Челзи), Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Бето (Севилја).
Одбрана: Давид Алаба, Мехди Бенатија, Жером Боатенг, Филип Лам (Баерн М.), Дани Карвахал, Серхио Рамос (Реал Мадрид), Диего Годин, Миранда (Атлетико Мадрид), Пабло Забалета, Винсент Компани (Манчестер Сити), Матс Хумелс (Борусија Д.), Езекијел Гарај (Зенит).
Фудбалери за врска: Чаби Алонсо, Арјен Робен (Баерн М), Лука Модриќ, Хамес Родригез, Тони Крос (Реал Мадрид), Арда Туран, Коке (Атлетико Мадрид), Иван Ракитиќ (Барселона), Јаја Туре (Манчестер Сити), Пол Погба (Јувентус), Анхел Ди Марија (Манчестер Јунајтед).
Напад: Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Карим Бензема (Реал Мадрид), Лионел Меси, Нејмар (Барселона), Роберт Левандовски, Томас Милер (Баерн М), Диего Коста (Челзи), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Карлос Тевез (Јувентус), Марко Ројс (Борусија Д.), Алексис Санчез (Арсенал), Џонатан Соријано (Салцбург).
Гласањето на официјалниот сајт на УЕФА ќе трае до 6-ти јануари 2015-та година.
