Папата Франциско сака силна Европа и се залага за земјите од Балканот да станат дел од ЕУ
Свеста за својот идентитет е потребна за дијалог на проспективен начин со земјите кои побараа да влезат и станат дел од ЕУ во иднинам рече папата залагајќи се за иднината на земјите од Западен Балкан...

Во говорот пред европратениците кои го поздравија со долг аплауз, папата Франциско поздравен претходно од претседателот на ЕП, Мартин Шулц уште на почетокот потсети дека неговата посета доаѓа скоро четврт век по таа на папата Јован Павле Втори. Период за време на кој многу нешта се изменија во Европа и светот. Цитирајќи, притоа дел од говорот на Јован Павле Втори.
Свеста за својот идентитет е потребна за дијалог на проспективен начин со земјите кои побараа да влезат и станат дел од ЕУ во иднинам рече папата залагајќи се за иднината на земјите од Западен Балкан.
„Мислам пред се на оние земји од балканскиот простор за кои влегувањето во Европската Унија може да одговори на идеалот за мир во еден регион кој многу страдаше во конфликтите од минатото“, нагласи папата Франциско пред европратениците.
Светот денес според папата е многу помалку „евроцентрик“. На широката Унија изгледа сега и се додава нова слика на една малку остарена и компримирана Европа, која се чувствува помалку протагнист во светот.
Тој притоа до европратениците испрати порака на надеж и охрабрување.
„Тешкотиите можат да станат промотори на единството, за да се победат сите стравови низ кои минува Европа заедно со целиот свет. Надеж во Богот кој го претворат злото во добро, и смртта во живот“, порача папата Франциско.
Тој притоа ги повика да се вратат на цврстите убедувања на основачите на Европската Унија, која поскауваа иднина втемелена врз капацитетите да се работи заедно за да се надминат поделбите и да се фаворизира мирот и заеднишвтото меѓу сите народи на континентот.
Папата во својот говор пред Европскиот парламент се осврна и миграциите и имиграцијата со Средоземјето кое се претвори во гробишта, бидејќи тие луѓе имаат потреба од поддршка. Потоа достојноста на трудот, потсетувајќи дека на заштитата на природаната средина,„ние сме чувари, а не сопственици на земјата“- рече тој, инсистирајќи и на заштитата на религиозните малцинства.
На крајот папата порача дека е дојдено времето да се напушти идејата за една Европа „уплашена и повлечена во себе си“, да се промовира една Европа „протагонист, носител на наука, уметност, музика, човечки вредности и верба.“
„Европа која го гледа небото и ги продолжува иделаите, Европа која гледа, брани и го заштитива човекот, Европа која оди на солиден и цврст пат, скапоцена рефернца за целото човештво“, заврши папата Франциско пред европратениците.
Тони Гламчевски
