Грција: Во тек е спасување на повеќе од 500 имигранти

25.11.2014 15:25

Гласноговорникот на крајбрежната стража не кажал од каде се имигрантите, само рекол дека се меѓу 500 и 700 лица. 77 метри долгиот брод ,,Барис“ од засега непознати причини останал во дефект и плута на педесетина километри југоисточно од Крит...

Грчката крајбрежна стража известува дека во тек е акција за спасување на најмалку 500 имигранти од товарен брод во близина Крит.

Гласноговорникот на крајбрежната стража не кажал од каде се имигрантите, само рекол дека се меѓу 500 и 700 лица. 77 метри долгиот брод ,,Барис“ од засега непознати причини останал во дефект и плута на педесетина километри југоисточно од Крит во лоши временски услови со тенденција да се влошат уште повеќе. Имигрантите од Африка, од индијскиот подконтинент и од средниот исток ги користат Грција и Италија како влезна врата за Европската Унија.