Градоначалникот на Чашка ја злоупотребил службената положба

25.11.2014 15:34

Полицијата го сомничи градоначалникот на општина Чашка дека злоупотребувајќи ја службената положба општината бесправно се стекнала со сопственост над планинарскиот дом Чеплес, со што на планинарското друштво Солунска глава му било нанесено штета од околу 65 илјади евра или онолку за колку што општината подоцна го продала домот...

За злоупотреба на службената должност, кривична пријава заработи градононачалникот  на општина Чашка. Велешката полиција се соменава дека Пановски погрешил во постапката за легализација на планинарскиот дом Чеплес.

Во својство на градоначалник и овластено лице на општина Чашка самиот си поднел барање за легализација на диво изграден објект - планинарски дом Чеплес, иако знаел дека согласно „Законот за постапување со бесправно изградени објекти“ , барање за утврдување правен статус на бесправно изграден објект поднесува само имателот“, рече Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Работевме според Законот за постапување на бесправно изградени објекти и Законот за територијалан организација. Никој не подмнесе барање за легализација на објектот, па следејки ги препораките на Министерството за траспорт и врски тоа го направивме ние, вели осомничениот Пановски.

„Сметам дека планинарскиот дом Чеплес е легализиран согласно законот за легализација и поставувам едно прашање доколу тој требало да биде на планинарското друштво Солунска глава  зошто тие неподнеле барање за легализација“, изјави Горанчо Пановски, гардоначалник на општина Чашка.

По стекнување на сопственост врз планинарскиот дом Чеплес, Општина Чашка со одлука на Советот во 2012 година по цена од околу 65 илјади евра го продава домот, или онолку  за колку полицијата во кривичната пријава напишала дека е оштетено планинарското друштво Солунска глава.

 

Дијана Иванова