Невработените со голем интерес за Саемот за вработување во Струмица

25.11.2014 16:29

Невработените лица велат дека ова е одлична можност да се видат со потенцијалните работодавачи, да остават своја биографија и да го решат најважното прашање...

40 штандови на компании им беа на располагање на невработените од југоистокот на петтиот саем за вработување што овој пат се одржа во Струмица. Невработените лица велат дека ова е одлична можност да се видат со потенцијалните работодавачи, да остават своја биографија и да го решат најважното прашање.

Овде се дава шанса, на нас невработените да го решиме горливото прашање.

„Помогаат многу за вработување.“

„Ќе се знае кој бара работа, акој само се пријавува.“

„Ние сме градежна компанија, ни требаат градежници, архитекти“, велат анкетираните граѓани.

Од Агенцијата за вработување велат дека Саемите дале одличен ефект. Во отсуство на конкретни бројки, кои се сумираат, очекуваат и саемското претставување во Струмица да им помогне и на барателите на работа и оние на работна сила.

Денеска сите ќе можат да остават биографии, да поразговараат со нив и да бидат бидат викнати на интервју, вели Влатко Попоски, директор на Агенцијата за вработување.

Во центарот за вработување во Струмица заклучно со септември евидентирани се 3.133 активни баратели на работа. Најголемиот дел на возраст од 25 до 29 години.

„Доминираат лицата без образование, затоа ние ги обучуваме со докфалификации, преквалификации“, вели Павлина Ѓоргиева од Агенцијата за вработување, Струмица.

Саемот за вработување, ќе се одржи уште во три градови низ Македонија.

Катерина Дафчева