Детската клиника преполна- аерозагадувањето го прави своето!
За два ипол дена повеќе од 300-те дечиња побарале помош, а 150 се хоспитализирани. Доминира помалата возрасна група од една до пет години...

Стомачни инфекции проследени со повраќање и течни столици ги нападнаа децата. Кај некои вирусот довел и до дехидрација. Детската клиника е преполна. За два ипол дена повеќе од 300-те дечиња побарале помош, а 150 се хоспитализирани. Доминира помалата возрасна група од една до пет години.
„Тоа е период кога си го создаваат сопствениот имунитет. Тоа е периодот кога дел од родителите неможат да ги згрижат децата дома па ги праќаат во предучилишните установи. Тоа е период кога ова аерозагадување сепак влијае и врз нивниот горнореспиратоерен систем“, вели д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника.
На Детска клиника има дечиња кои доаѓаат и со респираторни проблеми.
„Детето има опструкции болно со бронхитис, досега не била толку болна меѓутоа сега опструкциите се малку појаки поизразени и доаѓаме на инхалации... Бронхопневмонија имаше... Настинки, грипови...“, велат анкетираните родители.
Докторите велат, променливото време и аерозагадувањето си го направи своето.
Променливото време и аерозагадувањето се најголема причина за зголемениот број дечиња на Детската клиника. Докторите препорачуваат во вакви услови да се избегнува престој на отворено и да се внесува здрава храна- само така ќе може имунолошкиот систем да се избори со штетните надворешни влијанија.
Андријана Атанасовска
