Разводите причина за големи семејни трагедии
Од центарот за социјални работи тврдат дека со години имаат полни раце работа. Најголем проблем е кога некој од сопружниците кои се во развод, не прифаќаат дека бракот завршил. За социолозите клучно за трагедиите како денешната, е немање комуникација меѓу партнерите...

Распадот на бракот може да заврши со семејна трагедија и насилство. Според социолозите, сопружниците решението на проблемите го бараат во меѓусебните пресметки, обвинувања и караници, наместо да се соочат и да разговараат. Секое семејство има потешкотии, но доколку нема комуникација, инаетот и егото меѓу родителите расте, а нетрпеливоста секојдневно се зголемува резултатот може да биде погубен, вели нашиот соговорник.
„Секој одеднаш мисли дека он е во право и дека може тоа да го добие на еден насилен начин , правдата се бара веднаш и таа завршува на трагичен начин како и повеќето случаи во македонија што се доста чести “, вели Илија Ацевски, социолог.
Од Центарот за социјални работи во Скопје велат дека секојдневна е борбата со таквите случаи. Со години работат со сопружници кои не сакаат да го прифатат фактот дека нивниот брак завршил или дека биле имало прељуба. Иако во центарот се нуди советодавнаправна помош како да се надминат проблемите, сопружниците најчесто сакаат работите да ги земат во свои раце, велат социјалните работници.
„Имаме ситуации кога се наметнува потребата родителите или партнерите да бидат упатени на некој продолжителен третман во некоја психијатриска установа. Упатени се заедно со децата во Заводот за ментално здравје, ги упатуваме, изречуваме мерка засилен надзор над родителското право, одиме со мерка одземање на родителско право“, вели Ана Панчева, раководител на одделение за семејство и брак.
Социјалните работници велат дека иако засилено се работи со ваквите случаи, некои граѓани секогаш мислат на своите лични проблеми, а ги занемаруваат останатите па затоа децата најчесто стануваат жртви на кавгите меѓу сопружниците. Водени од ваквата мисла вели панчева најчесто се одлучуваат и покрај целата помош од институциите, во свои раце да ја земат правдата.
Викторија Тодоровска
