Субвенцинирањето на авиокомпании - согласно европските закони
Косово ја тужи Македонија за нарушување на конкуренцијата во авиосообракајот. Бара да се прекине практиката на субвенционирање авиобилети. Од министерството за транспорт и врски велат финансиската поддршка на домашните и на странските авиопревозници е спроведена согласно со европското законодавство...

Милионитиот патник на „Александар Велики“ ја прелеа чашата кај косовските воздухопловни власти. Зголемиот број летови и патници од македонските аеродроми го свртеа вниманието на конкуренцијата. Косово од каде доаѓаат се повеќе корисници на нискобуџетните компании ќе се жали во Европската комисија дека Македонија субвенционира авиокомпании да летаат од Скопје.
„Упативме жалба до Европската комисија и сега очекуваме одговор. Според моите сознанија ова прашање се третира многу компетентно од страна на надлжната дирекција на Комисијата“, рече Дритан Гонбалај, директор на служба за цивилна авијазија на Косово.
Македонија продолжува со политиката на субвенционирањето согласно европските регулативи –во писмената реакција потврдија од министерството за транспорт.
„На барање на Министерството за инфраструктура на Косово уште во 2012 година, испратен е допис во кој се образложени меѓународните правни норми врз основа на кои се спроведува проектот за доделување финансиска поддршка за авиопревозниците, од каде е јаснодека не е прекршено европското законодавство“, се вели во писмената реакција.
15 реномирани авиопревозници од скопскиот аеродром летаат до 26 европски метрополи и до Дубаи. Со финансиска поддршка ниско буџетската Виз Ер има 40 лета неделно. Продолжуваат активностите за зголемување на бројот на дестинации и за пониски цени на авиобилети.
„Се припрема целокупната документација за објава на нов повикза изноаѓање на ниско буџетна компанија, каде што ќе побараме четири нови линии да се воспостават од Скопје кон Шпанија и кон Норвешка“, рече Миле Јанакиевски, министер за транспорт и врски.
„Александар Велики“ бележи најголем раст на авиосообракајот во регионот. Нискобуџетските летови повлекоа голем број патници кои ги користеа аеродромите на соседите.
Сузана Фиданска
