Злетовец уби тројца па си пресуди самиот

25.11.2014 18:03

Црн вторник во Злетово. Згаснаа четири животи. Маж застрела тројца па сам си пресуди. Се обеси. Првичните мотиви за трагичниот настан се претпоставува дека се брачни проблеми и неверство. Драмата траела од поодамна, но, никој не презел мерки, велат жителите на Злетово. Осомничениот е професионален војник...

Уби тројца и си пресуди самиот. Професионален војник во АРМ рано изутрината со службената пушка прво го застрелал чичкото на момчето што го сметал за љубовник на сопругата. Потоа на другиот крај од селото ги убил таткото и мајката на  опругата со која се разведувал.

Убиецот ги застрела родителите на неговата сопруга на прагот од нивниот дом.

Жителите на Злетово со очај и згрозеност опишуваат што виделе и што слушнале.

„Пукна еднаш и надоле отиде и дедо му и баба му ги утепа.“

„Отишол право горе и ги истепа. Од вратта пукал во чичкото на швалерот и мајкаму ја бутне, а швалерот избегал.“

„Алкохоличар, излгеда тоа е последица на тоа што бил во Авганистан.“

„Ќерками се враќаше од градинка и видела едена жена како лежи и го видела убиецот“, велат злетовчани.

Трикратниот убиец пред само една година го претепал момчето со кое верувал дека сопругата му врши прељуба. Ни тогаш велат жителите на злетово, ниту подоцна никој не преземал мерки.

„Службите не си ја вршат работата и тоа е тоа. Пријави за било што, не реагира никој и отпосле ќе се случат некои проблеми и инцидети.“

„Не би требало да се оружуваме“, велат злетовчани.

И од министерството за внатрешни работи потврдија дека тој бил пријавуван за насилство.

„Досега против осомниченото лице се поднесени две кривични пријави за сторени кривични дела телесни повреди во семејството и тешка телесна повреда над едно лице во село Злетово“, реча Анита Стојковска од СВР Штип.

Додека крим техника вршеше увид, веќе се разнесе глас дека убиецот се обесил во околната шума.

Се шпекулира дека осомничениот пред да го изврши трикратното убиство во Злетово бил на служба до 4 часот изутрината од каде што со оружјето кое го поседувал службено, полуавтоматска пушка, дошол и го извршил злоделото.

Фиљана Кока