Сиријци-мигранти го блокираа грчкиот парламент
25.11.2014 18:35
Бараат грчката влада да им издаде привремени работни дозволи и престојувалиште со што би им се овозможиле помали давачки отколку да работат „на црно“ и да плаќаат многу поголеми наемнини за станови...

Парламентот во Атина блокиран од стотици сиријци. Бегајќи од борбите во својата татковина засолниште нашле во Грција. Сега бараат грчката влада да им издаде привремени работни дозволи и престојувалиште со што би им се овозможиле помали давачки отколку да работат „на црно“ и да плаќаат многу поголеми наемнини за станови.
Истовремено кипарските власти спасија група од 228 сириски бегалци од оштетен брод што пловел во немирното море на северниот брег на Кипар.
