Шпанската полиција уапси свештеници осомничени за педофилија
25.11.2014 18:58
Можните случаи на педофилија, полицијата започнала да ги истражува, откако една наводна жртва неодамна му напишала писмо на поглаварот на римокатоличката црква, Папата Франциско...

Шпанската полицијата уапсила четворица свештеници од Гранада поради сомнеж дека сексуално злоставувале деца. Можните случаи на педофилија, полицијата започнала да ги истражува, откако една наводна жртва неодамна му напишала писмо на поглаварот на римокатоличката црква, Папата Франциско.
Според светските медиуми Папата ја контактирал жртвата преку телефон, но портпаролот на Ватикан, федерико Ломбарди ги нема потврдено информациите, наведувајќи дека политиката на Ватикан е да не ги коментира личните и пасторални иницијативи на папата
