Бугарија со најзагаден воздух во Европа

25.11.2014 19:18

Веднаш по неа на листата на најзагадени земји следуваат Полска и Словачка...

Воздухот во Бугарија е најзагаден со честички прав помали од 10 микрона меѓу државите-членки на Европската агенција за животна средина - се наведува во последниот годишен извештај на оваа организација. Веднаш по неа на листата на најзагадени земји следуваат Полска и Словачка.

Процентот на населението во Бугарија изложено на овие честички, кои важат за најсериозен загадувач во Европа, изнесува речиси 90 отсто и е значително над европскиот просек од 38 отсто. Причините за зголеменото ниво на овие честички се сообраќајните и индустриските активности, како и загадените и лошо одржувани коловози.