Нова доминантна партија на Кожув

25.11.2014 23:45

Македонскиот претставник ја оправда улогата на фаворит и останува единствена непоразена екипа во “Б“ конкуренцијата од Балканската лига со 8 бода, а домаќините се на дното со 4 порази...

Кошаркарите на Кожув продолжуваат со низата успеси и во домашното првенство и во БИБЛ лигата. На гостувањето во Скадар против екипата на Влазнија славеа убедливо со резултат 88 : 52. Македонскиот претставник ја оправда улогата на фаворит и останува единствена непоразена екипа во “Б“ конкуренцијата од Балканската лига со 8 бода, а домаќините се на дното со 4 порази. Победата беше најавена уште во првото полувреме, кое екипата на Кожув го доби со 40 : 22, а до крајот само ја потврдија разликата во квалитет. Најдобри во победата на гевгеличани беа Албијаниќ со 18 поени, веднаш до него беа Главчев и Шепа со по  17, Иваља имаше 16 а Брчков 12 поени.  

Својот 4 натпревар сезонава во “А“ групата Куманово ќе го игра утревечер на свој паркет против екипата на Рилски Спортист од Бугарија што е дерби на колото, во кое Куманово влегува со 2 победи и 1 пораз, а Рилски е првопласиран со 3 победи во исто толку натпервари.