Регионален состанок за механизмите за родова еднаквост во одбраната

26.11.2014 08:20

Регионалниот состанок е во организација на Министерството за одбрана и Програмата за развој на ОН...

Шести регионален состанок за механизмите за родова еднаквост во министерствата за одбрана и вооружените сили од Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје, на кој ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.
 
Регионалниот состанок е во организација на Министерството за одбрана и Програмата за развој на ОН, односно Центарот за мало и лесно вооружување на земјите од ЈИЕ. 
 
Тој е дел од проектот за зајакнување на регионалната соработка на родова застапеност во реформата на секторот на безбедност на Западен Балкан.