Обама: Ништо не може да ги оправда насилните немири

26.11.2014 08:25

Полицијата во предградието на Сент Луис, Фергусон им нареди на демонстрантите, кои веќе втора ноќ се собраа за да протестираат против одлуката да не се изведува на суд полицаецот, да ги прекинат протестите...

Американскиот претседател Барак Обама во меѓувреме изјави дека со ништо не може да се оправда палењето згради, автомобили и разурнување на приватен имот, коментирајќи ги вчерашните немири, кои почнаа, откако беше донесена одлуката за ослободување на полицаецот, кој застрела 18- годишно афроамериканско момче.
 
Полицијата во предградието на Сент Луис, Фергусон им нареди на демонстрантите, кои веќе втора ноќ се собраа за да протестираат против одлуката да не се изведува на суд полицаецот, да ги прекинат протестите.
 
Демонстрантите се собраа пред зградата на полициската станица. Овој протест беше мирен за разлика од протестот кој премина во насилство, откако во понеделникот беше објавено дека полицаецот кој го застрела 18-годишниот Афроамериканец Мајкл Браун нема да биде изведен на суд. 
 
И покрај тоа што протестот беше мирен, малку по полноќ група демонстранти се одделија од главната група и успеаја да запалат полициско возило пред зградата на локалните власти. Полицијата брзо го изгасна пожарот и уапси неколку лица.